Достапни линкови

Груевски: Грција не сака да разговара за идентитетот


Македонскиот премиер Никола Груевски денеска изјави дека Грција никогаш во досегашните преговори не покажала волја за отворање на прашањето за македонскиот идентитет. ,,Независно кој е на власт, Грција, по прашањето на идентитетот, не покажала подготвеност да разговара, и тоа е еден од сериозните проблеми што ги имаме. Македонската Влада, е подготвена да се бори за своите стратегиски и национални интереси, а колку народот е подготвен или не е подготвен да прифати некои предлози што ќе дојдат ќе се види на референдум,, рече Груевски, кој присуствуваше на положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во Скопје, по повод 64 години од ослободувањето на главниот град.
XS
SM
MD
LG