Достапни линкови

Турската влада го објави планот за помирување со курдите


На денешната седница на турскиот парламент, владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган го објави планот за помирување со курдското малцинство и за завршување на 25 годишниот конфликт со курдските бунтовници. Министерот за внатрешни работи Бешир Аталај изјави дека со планот се предвидува отстранување на сите забрани на употребата на курдскиот јазик, формирање комисија против дискриминација на курдите и враќање на курдските имиња на селата. Дел од опозијата го критикуваше планот со образложение дека претставува закана за турското единство.
XS
SM
MD
LG