Достапни линкови

Во Скопје, откриена биста на Борис Трајковски


Пред спортската сала Борис Трајковски во Скопје денеска беше откриена биста во спомен на трагично загинатиот претседател на Македонија Борис Трајковски. Обраќајќи се на свечената церемонија на откривањето на бистата претседателот на Македонија Ѓорге Иванов изјави дека Трајковски бил човек со визија, кој честопати одел пред времето. ,,Борис Трајковски го смени сфаќањето за тоа каков треба да биде македонскиот политичар. Тој постави високи стандарди на посветеност кон сопствената држава, кои сите ние би требало да ги следиме,, изјави Иванов. Бистата е дело и донација на академик Томе Серафимовски.
XS
SM
MD
LG