Достапни линкови

Милошоски: Најмногу зависи од Грција


,,Секое ново блокирање или демонстрирање на аргументот на силата не носи подобри услови за разговори за остварување напредок во македонско грчкиот спор,, Ова го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по завршувањето на првата сесија од денешниот Самит на Централно европската инцијатива во Букурешт. Тој додаде дека Македонија ќе се потруди да го даде својот влог за да има напредок во разговорите околу името. ,,Но тоа не зависи само од нас, туку во голем дел, и можеби најмногу, од односот на новата влада во Грција, изјави Милошоски.
XS
SM
MD
LG