Достапни линкови

(По)блиску до решение за името?


Метју Нимиц

Метју Нимиц

Во пресрет на средбата Нимиц – Јолевски во Њујорк медиумите неофицијално објавуваат дека Македонија и Грција се поблиску до решение. Официјално, решението е подеднакво далеку

Според неофицијалните информации поблиску, според официјалните подеднакво далеку од решение како и до сега. Приближно ваков заклучок може да се извлече, велат дел од аналитичарите, ако се следат изјавите и брифинзите од високи македонски и грчки владини претставници и дипломатски извори, во пресрет на средбата на македонскиот преговарач Зоран Јолевски со посредникот на ОН во
Изјавите кои беа дадени за некои од нашите медиуми од т.н. блиски дипломатски извори не знам колку може да им се верува, бидејќи звучат премногу добро
спорот за името Метју Нимиц, во Њујорк.

Дел од медиумите, по вчерашните средби на грчкиот преговарач Адамантиос Василакис со посредникот Нимиц, повикувајќи се на грчки извори, објавија дека Грција е подготвена на остстапки. Според тие информации, Грција нама да бара промена на Уставот и ќе се согласи во личните карти и пасошите на македонските граѓани да ги пишува и уставното и евентуалното ново име. Според тие неофицијални информации, решението за називот на нацијата и на јазикот треба да го донесат институциите кои се надлежни за тоа, како на пример Советот на Европа.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека преговарачот Василакис ги негира информациите дека Грција е подготвена на отстапки за да се затвори спорот за името, оценувајќи ги како „неосновани коментари“.
Аналитичарот Никола Сталевски вели дека во недостиг на конкретни информации не може да се коментира колку Македонија и Грција се блиску до решение.

„Изјавите кои беа дадени за некои од нашите медиуми од т.н. блиски дипломатски извори не знам колку може да им се верува, бидејќи звучат премногу добро.“
Нашите позиции се јасни и добро познати

Тој вели дека се додека македонскиот и грчкиот преговарач и посредникот Нимиц официјално не соопштат дека постигнале одреден напредок би било неблагодарно да се шпекулира колку двете земји се блиску до решение.

„Особено, земајќи предвид дека нема некои видни гестови на зближување или заедничка реторика помеѓу двете држави.“

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека преговарачот Василакис, на вчерашните средби со Нимиц ја повторил позицијата на Атина дека решението на спорот е сложено име со географска одредница за севкупна употреба и оти без затворање на ова прашање не е можен почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

„Нашите позиции се јасни и добро познати“,

изјавил Василакис кој вчера попладне имаше средба, а потоа и работна вечера со Нимиц.

Од друга страна, премиерот Груевски деновиве изјави дека ако Грција го блокира добивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ во декември, тоа ќе значи дека Грција не сака решавање на спорот за името. Дел од аналитичарите го протолкуваа тоа како порака од Груевски дека спорот нема да се реши до декември.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG