Достапни линкови

Рецесијата во ЕУ и официјално заврши


Европската најдлабока рецесија по Втората светска војна официјално заврши денеска откако Европската унија објави дека забележала пораст по 15 месеци на економски пад. Официјалните податоци за третата четвртина на годинава покажуваат дека во 16 земји на евро зоната бил забележан пораст од 0,4 проценти, додека во целата Унија за 0,2 насто. Сепак, овие податоци се под очекувањата на економистите кои предвидуваа поголем пораст од регистрираниот.
XS
SM
MD
LG