Достапни линкови

Не се очекуваат тензии по косовските избори


Косово - избори
Косово - избори

Изборната кампања во Косово финишира. Македонските експерти не очекуваат тензии во регионот по завршувањето на изборите.

Експертите од развојот на избораната кампања на Косово која се доведува при крај оценуваат дека не би требало да се очекува во регонот да следи тензија. До 15 ти ноември кога треба да се одржи гласањето атмосферата во поголем дел се оценува како ненасилна.
Црвената линија на Србија е непризнавање никогаш и во ниедна институција на Косово. Косово сака да си стане членка на меѓународните институции и тука најмногу ќе оди тензијатеа меѓу овие два фактори. Во регионот не би требало тензијата да се етаблира во поголем размер
Провокациите како нападот врз обезбедувањето на косовскиот премиер Хашим Тачи во Дечани и повиците од србите да се бојкотираат изборите се дел од амбиентот на чија завршницата може може да има и инциденти но од помали размери оценува Професорот Владимир Пивоваров.

„Црвената линија на Србија е непризнавање никогаш и во ниедна институција на Косово. Косово сака да си стане членка на меѓународните институции и тука најмногу ќе оди тензијатеа меѓу овие два фактори. Во регионот не би требало тензијата да се етаблира во поголем размер.“

Експерите оценуваат дека пресудно настојување за земјите во регионот претставува нивното евро атланското интегрирање .Како нов чекор во тој правец гледаат на отворањето амбасада на Приштина во Скопје .

„Од многу аспекти треба да се разгледува ова прашање, затоа што секое добрососедско однесување е бенчмарк за влез во НАТО и ЕУ“

Покрај политичките корисности кои Македонија ќе ги има од отврањето абасада на Приштина овој чекор ке влијае и во ослободување на некои лимити во областа на еконсмската размена. Има повеќе нацрт договори за соработка мегу двете држави,а со отврањето амбасада ке се отстрани уште еден формален но битен фактор кој се однесува на тоа што нашата земја досега немаше статистички податоци за размената со Косово бидејки досега се се водеше како размена со Србија вели Џевдет Хајредини.

„Се отстрануваат пречки кои до сега пречеа во поинтензивната економска размена, со 80км пат Косово е извозна дестинација за Македонија.“

Пивоваров оценува дека изграденото партнерство мегу Македонија и Косово може да се смета како позитивен модел за соработка на Балканот но оти овој чекор и покрај позитивните може и натаму да продуцира и негативни аспекти во контекст на односите на Македонија со Србија

„Може да се очекува одредени несогласувања во однос на економијата, трговијата, правни ситуации, но не се очекува страшно заладување на односите како претходно.“

Македонија и Косово воспоставија дипломаски односи во октомври.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG