Достапни линкови

САД: запленети 4 џамии и една зграда на исламска фондација


Американското федерално обвинителство покрена потези за преземање на четири шиитски џамии во Соединетите држави и на еден 36 катен облакодер во Њујорк од една непрофитна група под сомневање дека имала врски со иранската влада. Станува збор за муслиманската фондација Алави за која американското обвинителство вели дека помагала во префрлувањето пари во Техеран. До ова дојде веднаш откако претседателот Барак Обама за уште една година ги обнови американските економски санкции против Иран.
XS
SM
MD
LG