Достапни линкови

Василакис: име со географска одредница за севкупна употреба


Сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Ова, како што јавуваат грчките медиуми, на медијаторот во македонско грчките разговори за името Метју Нимиц му го пренесол грчкиот претставник Адемантиос Василакис на нивната вчерашна средба во Њујорк. Василакис повторил дека без затворање на ова прашање не е можен почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската унија. ,,Овие позиции јасно ги соопштуваме за да нема изненадувања и недоразбирања,, изјавил Василакис. Нимиц треба да се сретне и со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, по што треба да закаже заедничка средба со претставниците на двете земји.
XS
SM
MD
LG