Достапни линкови

Во два напада во Пакистан, најмалку 16 загинати


Во самоубиствен напад со автомобил бомба врз зграда на пакистанската разузнавачка агенција во Пешавар загинале најмалу 10 луѓе, додека 55 други биле повредени. Трикатната зграда, според агенциите, била разурната. Веднаш потоа имало сличен самоубиствен напад и врз полициската станица во Бакахел при што 6 луѓе биле убиени, а 30 ранети. Милитантите ги интензивираа нападите откако пакистанската армија покрена офанзива против нив на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG