Достапни линкови

Обама во Токио ја почна 9 дневната азиска турнеја


Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Токио со што ја почна деветдневната турнеја по Азија. Во текот на денов Обама ќе се состане со јапонскиот премиер Јукио Хатојама кој во септември ја презеде оваа функција со заложба за понезависен дипломатски курс од Содеинетите држави. Утре во Токио Обама ќе одржи говор за американските односи со Азија, по што патува за Сингапур на форумот на лидерите на АПЕК. За време на турнејата Обама ќе престојува во Кина и во Јужна Кореа.
XS
SM
MD
LG