Достапни линкови

ЕУ загрижена за уапсените Грузијци во Јужна Осетија


Европската Унија денеска изразила длабока загриженост поради притварањето на неколкумина Грузијци во отцепениот регион Јужна Осетија. ЕУ бара да се ослободат четворицата притворени тинејџери кои се обвинети дека поседувале оружје. Вчера пак Грузија повика да се ослободат и неколкуте рибари кои беа уапсени од руските граничари додека рибареле на брегот на Црното море.Притворањето на луѓе во Јужна Осетија е главна тема на разговорите во Женева кои се водат меѓу Грузија и Русија а кои се за помирување на двете земји по минатогодишниот конфликт

XS
SM
MD
LG