Достапни линкови

Чувствителен период за додавки кон името на МПЦ


Скопје - Соборен Храм
Скопје - Соборен Храм

Експертите велат дека предлогот за враќањето на името Охридска Архиепископија како дел од МПЦ, доаѓа во исклучително чувствителен период, поради растечкиот притисок за промена на Уставното име.

Иако идејата за враќање на името Охридска Архиепископија како дел од МПЦ е стара, иницијативата за измени во црковниот устав случајно или не, се совпаѓа со рестартот на македонско-грчките преговори. Истовремено, се најавува и обновување на разговорите меѓу македонската и српската православна црква. Не се работи за промена, тука само за допрецизирање на името на МПЦ, вели за Слободна Европа Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за односи со верските заедници. Божиновска тврди дека зад одлуката на Синодот да го додаде префиксот Охридска Архиепископија нема никаква политичка позадина и затоа не би требало да се очекуваат
Ако ние името Охридска Архиепископија го сметаме за додавка тогаш самите на себе си си правиме навистина голема навреда заради тоа што МПЦ е Охридиска Архиепископијa
некакви импликации во реалциите со Српската православна црква.

,,Од Охридската Архиепископија се и корените на српската патријаршија, на романската, бугарската, албанската и руската и во времето кога овие народи создаваа национални држави за жал Македонија беше последната земја која не опстои на својата патријаршија, а од неа произлегоа сите други патријаршии."

,,Ако ние името Охридска Архиепископија го сметаме за додавка тогаш самите на себе си си правиме навистина голема навреда заради тоа што МПЦ е Охридиска Архиепископија. Значи не станува збор за менување на име, во самата формулација ќе биде прецизирано дека во употреба останува името МПЦ."

Кажа неодамна за Слободна Европа владиката Методиј. Брендот на Охридската Архиепископија има историско значење за Македонија но, според консултираните црковни експерти, измените на МПЦ доаѓаат во исклучително чувствителен период, особено кога се повеќе расте притисокот за промена на уставното името на државата како и се погласното негирање на автокефалноста на Македонската Православна Црква.
Можеби тајмингот не е баш најсреќно избран, можеби статешки би било попаметно да се почека уште некое кратко време, да не кажам една година


,,Можеби тајмингот не е баш најсреќно избран, можеби статешки би било попаметно да се почека уште некое кратко време, да не кажам една година."

Изјави за Слободна Европа, Даниел Димевски, добар познавач за црковните работи. Додавањето на името Охридска архиепископија кон МПЦ, може да биде протолкувано како нова провокација во односите со соседите, оценува Билјана Ванковска, универзитетски професор.

,,Ќе се доведеме во некоја можеби парадоксална ситуација, да државата доколку се прифати географската одредница Северна Република Македонија е име такво на државата, а името на црквата која е православна е Македонска и Охридска со некаква сосема друга и би рекла повторно географска додавка."

XS
SM
MD
LG