Достапни линкови

Данска ги поканила лидерите на ОН на Конференцијата за клима


Данска и формално упатила покана до лидерите на земјите членки на ОН за учество на Конференцијата за климата која треба да се одржи во Копенхаген. Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен испратил писма до сите влади на 191 земја членка на ОН. Своето присуство веќе го потврдиле британскиот премиер Гордон Браун, германската канцеларка Ангела Меркел, лидерите од Африка, Карибите и Латинска Америка, а американскиот претседател Барак Обама рекол дека ќе дојде во Копенхаген ако неговото присуство придонесе да се склучи Договорот за климатските промени.

XS
SM
MD
LG