Достапни линкови

Апликацијата на Албанија за ЕУ доби зелено светло


Земјите членки на ЕУ се согласиле да ја подржат апликацијата на Албанија за почнување на постапката за оценување на барањето за членство во Унијата, јавува МИА. Според албанските медиуми , оваа одлука била донесена вчера. Албанија ја поднесе апликацијата за членство во мај годинава . Во меѓувреме на средба во Брисел, еврокомесарот Оли Рен од министерот за надворешни работи на Албанија побарал надминување на политичката криза создадена со бојкотот на опозицијата на парламентот. Според Рен, политичкиот консензус во Албанија е услов за ЕУ.

XS
SM
MD
LG