Достапни линкови

И вицепремерот Наумовски упатил писмо до ЕУ


Вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски упати писмо до своите колеги во земјите членки на ЕУ, со кое бара подршка за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ. Во писмото тој ја потврдува определбата за продолжување на реформите поврзани со евроинтеграциите, и ја истакнал посветеноста на земјата да го реши спорот за името со Грција. Претходно писмо со слична содржина до неговите колеги во ЕУ упати иминистерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.

XS
SM
MD
LG