Достапни линкови

Авганистан:НАТО може да почне постепено да се повлекува


Mинистерот за одбрана на Авганситан генерал Абдул Рахим Вардак, денеска изјавил дека меѓународните трупи предводени од НАТО може да започнат со "постепено повлекување" од Авганистан во наредните четири до пет години, ако напредува обуката на локалните сили .Претходно Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен изјавил дека наредната година силите на алијанската ќе почнат да им ја префрлаат одговорноста на авганистанските сили. Но критичарите велат дека авганистанската влада е премногу корумпирана и не е во можност да ги превземе обврските.
XS
SM
MD
LG