Достапни линкови

Полска загрижена за руско-белоруските воени вежби


Полска денеска ја изразила својата загриженост пред НАТО, поради воените вежби кои во близина на нејзината граница ги изведуваат Русија и Белорусија. Министерот за надворешни работи на Полска ,Радослав Сикорски во радио интервју денеска изјавил дека неговата влада пратила писмо до Генералниот секретар на НАТО за да ја изразат својата загриженост за воените вежби и да побараат НАТО да поведе сметка околу таа ситуација.Околу 12 илјади руски и белоруски војници, како и 200 тенкови и авиони учествувале во руско-белориските воени вежби
XS
SM
MD
LG