Достапни линкови

Во ЕУ консензус за интегрирање на Балканот


Мајкл Емерсон
Мајкл Емерсон

Ова во интервју за Радио Слободна Европа го наведува Мајкл Емерсон, аналитичар на Европскиот институт за политички студии во Брисел. Сепак, според него, тешко би можело целиот регион да влезе во Унијата до 2014. Еден од условите е затворање на проблемите меѓу соседите.

Лисабонскиот договор би требало наскоро да стапи во сила со што се отвора патот за натамошно проширување на Европската унија. За тоа какво е вистинското расположение во земјите членки на Унијата Мајкл Емерсон вели:

,,Мислам дека општо е прифатен ставот за проширување на Унијата на Балканот. Но, потоа настануваат сериозни поделби и разијдувања. Значи консезус за Балканот постои, но кога ќе се постави прашањето за Турција, Украина и Молдавија, постојат длабоки разлики.,,

Емерсон во интервјуто на нашит новинар Бракна Тривиќ прецизира дека земјите од таканаречното јадро на Европската унија и
Не би рекол дека е реално целиот регион да влезе во Унијата до 2014. Босна е се уште во страшен хаос, а не е решен ни косовскиот проблем...
Бенелукс ги загрижува претераната експанзија на Унијата. Случајот со Турција пак, според него, е дополнително оптоварен и со влијанието на културниот фактор. Што се однесува до некои заложби, земјите од Балканот да влезат во Унијата до 2014 година Емерсон вели:

,,Се смета дека во 2011 или 2012 година Хрватска ќе стане членка на Европската унија. Не би рекол дека е реално целиот регион да влезе во Унијата до 2014. Босна е се уште во страшен хаос, а не е решен ни косовскиот проблем.,,

Тоа, според Емерсон, е поврзано и со Србија, која, освен постигнатите добри перфоманси ќе мора да го признае Косово доколку сака да стане членка на Унијата.

,,Јас во последно време немав разговори за таа конкретна тема, но сметам дека Европската унија, особено поради искуството со Кипар ќе настојува да го реши прашањето со Косово пред влегувањето на Србија во нејзините редови.,,

Вели Емерсон, додавајќи дека е добро тоа што и преостанатите земји од Балканот, како Албанија и Црна Гора, поднесоа барања за кандидатура за зачленување во Унијата:

,,Не гледам зошто Белград не би го сторил тоа. Секако со тоа ќе мора да ги прифати и импликациите на таквата одлука, односно активно да работи за да го постигне тоа.,,

Во врска со моменталната ситуација во Босна и Херцеговина, тој изразува уверување дека нема да се врати претходниот, како што вели, колонијалистички пристап на Европската унија во решавањето на проблемите во таа земја:

,,Ситуацијата е многу загрижувачка. Единствен излез е политичкиот, што значи дека лидерите на Босна и Херцеговина мора да постигнат некаков минимум на замено политичко разбирање. Алтернатива на тоа е враќањето на деновите кога Педи Ешдаун им налагаше што да прават или во спротивно ќе ги повлече фондовите од Брисел.,,

Вели Мајкл Емерсон, аналитичар на Европскиот институт за политички студии со седиште во Брисел во интервјуто за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG