Достапни линкови

Политичка нестабилност?


Премиерот Никола Груевски
Премиерот Никола Груевски

Декември наближува, а шансите за решавање на спорот за името со Грција се намалуваат. Експертите очекуваат политичка нестабилности и тензии во случај на недобивање датум за преговори

Шансите Македонија да го реши спорот за името со Грција до декамври стануваат се помали, а со тоа и можноста земјава да добие
Oчекувам тензии на политичката сцена, дали тоа ќе води кон избори, дали кон референдум, дали кон тензии внатре во владата? Тоа треба да се види
датум за преговори за полноправно членство во Унијата, смета дел од домашната стручна јавност. Од друга страна, ако Македонија не добие датум за преговори со Европската унија во декември, велат тие, политичката нестабилност е најмалку што може да очекуваат македонските граѓани.

Ваквите оценки доаѓаат по неодамнешните изјави на претставници на македонската и на грчката власт. Грчкиот премиер нагласува дека решение на спорот за името е предуслов за пристапување на Македонија во Европската унија .

Премиерот Никола Груевски, пак, вчера порача дека ако Грција во декември повторно ја блокира Македонија, тоа ќе значи дека Атина не сака да го реши спорот.
Опозицијата можеби очекува такво нешто, но таа нека гради други стратегии како да се подобрат состојбите. За влошување е лесна работа. Ако мислат во хаос да ловат во матно риби, тогаш тоа е лошо и за Македонија и за самите партии кои мислат дека можат да ловат во матно


Аналитичарот Алберт Муслиу оценува дека тоа може да се толкува како порака од Груевски дека прашањето за името нема да се реши до декември. Тој вели дека во моментов најдобро сценарио за Македонија би било да добие датум за почеток на преговори, условен со решавање на спорот со Грција.

„Со евентуално недобивање датум во декември, ќе стане јасно дека тоа прашање не е само македонско прашање, туку државно прашање, каде што последиците ги чувствуваат сите граѓани на Македонија. Така што, очекувам тензии на политичката сцена, дали тоа ќе води кон избори, дали кон референдум, дали кон тензии внатре во владата? Тоа треба да се види.“

Тој вели дека Грција може да излобира и економски казни кон Македонија, но не од аспект на казнување туку од аспект на намалување на волјата на европските земји да и помагаат на земјата.

Професор Лазар Лазаров вели дека треба да се размслува како да се реши проблемот, а не кои ќе бидат последиците ако не се реши. Тој вели дека Македонија треба да покаже волја за компромис, а ако Грција не сака компромис, земјава треба да го пренесе спорот во Советот за безбедност на ОН. Политичката криза нема да го реши проблемот, дециден е Лазаров.

„Опозицијата можеби очекува такво нешто, но таа нека гради други стратегии како да се подобрат состојбите. За влошување е лесна работа. Ако мислат во хаос да ловат во матно риби, тогаш тоа е лошо и за Македонија и за самите партии кои мислат дека можат да ловат во матно.“

Дел од аналитичарите со кои разговаравме, вчера за Радио Слободна Европа рекоа дека и средбата меѓу лидерите на ДУИ и на СДСМ Ахмети и Црвенковски може да се смета како притисок до премиерот за решавање на спорот за името, но и за опипување на пулсот за нова коалиција по евентуалното недобивање датум за преговори и можните предвремени избори.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG