Достапни линкови

Утре е неработен ден по повод Денот на дрвото. Организаторите очекуваат масовен одзив, а надлежните уверуваат дека нема опасност за ширење на свинскиот грип и покрај препораката на Министерството за здравство за одбегнување масовни собири

Утре е неработен ден по повод денот на дрвото. Организаторите очекуваат масовен одзив на собирот и заедно со докторите уверуваат дека нема причина за страв од грипот Н1 Х1. Министерот за здравство Бујар Османи, од друга страна, деновиве препорача да не се
Препорачуваме да се одложат или да се забранат сите екскурзии внатре и надвор од Републиката. Но, децата да си одат на училиште, родителите да не организираат бојкот на наставата.
организираат екскурзии

„Препорачуваме да се одложат или да се забранат сите екскурзии внатре и надвор од Републиката. Но, децата да си одат на училиште, родителите да не организираат бојкот на наставата.“

Од организацискиот одбор на Денот на дрвото велат дека нема причини за страв. Борис Трајанов вели дека организаторите до сега не добиле препорака да не се одржи настанот,

„За сега немаме никакви инструкции во однос на тоа да не се одржи Денот на дрвото, напротив припремите одат натаму.“

Според Трајанов, проблематичен е само превозот

„Точно е дека ќе има огромен број луѓе, тие ќе бидат на отворено. Тој дел не е проблематичен, проблематичен е превозот од градот до локацијата.“
Населението нормално дека не може да се затвори дома и да не излегува никаде. Во конкретниот случај, пошумувањето не претставува никаква опасност, се одвива на отворен простори и тоа не е начин за пренесување на болеста.


Од Светската здравствена организација исто така порачуваат дека нема причина за паника. Претседателот на постојаниот комитет на организацијата за Европа Владимир Лазаревик вели дека луѓето не треба да се затвораат дома

„Населението нормално дека не може да се затвори дома и да не излегува никаде. Во конкретниот случај, пошумувањето не претставува никаква опасност, се одвива на отворен простори и тоа не е начин за пренесување на болеста.“

Лазаревик препорачува граѓаните да се придржуваат кон едноставните препораки на Министерството на здравство

„Тие препораки на Министерството и покрај тоа што звучат едноставно понекогаш имаат поголемо значење и ефект отколку нешто многу пософистицирано, модерно и поскапо.“

Инаку, на унтрешниот настан се планира засадување на седум и пол милиони дрвца.
XS
SM
MD
LG