Достапни линкови

Правосилна пресуда за босанскосрпскиот генерал Милошевиќ


Хашкиот Трибунал денеска треба да му изрече правосилна пресуда на генералот во пензија на војската на Република Српска Драгомир Милошевиќ. Трибуналот го осуди 67- годишниот Милошевиќ првостепено на 33 години затвор прогласувајќи го виновен за кампањата со артилериски и снајперски напади врз цивили во Сараево од 1994-та до 1995- та година. Со жалба на пресудата, која беше изречена во декември 2007- та година, одбраната побара Милошевиќ да биде ослободен од вината, а обвинителството бараше да му биде изречен доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG