Достапни линкови

Инцко:Преговорите во Бутмир по важност веднаш зад Дејтонските


Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко денеска во Брисел, откако го поднел извештајот за развојот на земјата до Советот на НАТО,изјавил дека бутмирските преговори за реформи во БиХ, се најважни после преговорите кои доведоа до Дејтонскиот Договор со кој се заврши војната во таа земја. Тој изјавил дека и покрај важноста, преговорите се одвиваат бавно. Инцко ја пренел својата заложба да се одобри Акциониот план за членство на БиХ во НАТО, велејќи дека тоа поволно ќе се одрази на земјата.
XS
SM
MD
LG