Достапни линкови

Дождовите ја спречија есенската сеидба


Пченица

Пченица

Дождовите кои паднаа во послениве денови низ територијата на Македонија се добри за земјоделските посеви во високите предели, но на ниските тие предизвикуваат штета велат дел од екпертите. Најпогоден е пелагонискиот предел, каде поради обилните дождови земјоделците доцнат со есенската сеоидба на нивите. На високите региони веќе е посеано, но таму дождовите се добредојдени, бидејќи нема можност за поплава. Додека пак во ниските региони има шанса да бидат полавени не само посевите, туку и местата каде земјоделците ја чуваат сточната храна, вели професорот Илија Каров.
Таму каде што се посеани особено овие есенски култури може да дојде директна штета на пченицата, на јачменот


,,Таму каде што се посеани особено овие есенски култури може да дојде директна штета на пченицата, на јачменот и каналската мрежа која што не е доволно исчистена, обрасната со вегетација и друг смет и шут. Тоа може да биде дополнителен проблем."

Во прилепско битолскиот регион не е посенано речиси половина од планираното, а вината е најмногу во врнежите, кои не ни дозволија да ја завршиме својата работа вели претседателот на регионалниот сојуз на земјоделци Пеце Стојковски.

,,Оваа година, оваа реколта има посеано некаде околу 45% од планираното производство кое што требаше да биде како есенска сеидба со житни култури, меѓутоа дождовите се веќе преголеми ја спречија есенската сеидба некаде за 30 осто."
Оваа година, оваа реколта има посеано некаде околу 45% од планираното производство кое што требаше да биде како есенска сеидба, меѓутоа дождовите се веќе преголеми и ја спречија есенската сеидба некаде за 30 осто


Дали ќе се продолжи со есенската сеидба? Стојковски додава дека се зависи од тоа дали и понатаму ќе продолжи да врне дожд.

,,Се зависи од временските прилики, односно дали овие дождови ќе престанат иако има најава дека нема така лесно да престанат, но и доколку престанат ќе измине оптималниот рок за есенска сеидба така што се ќе биде ризик."

Министерството за земјоделство не е надлежно за штети предизвикани од временски неприлики, туку локалната самоуправа. Но тие им препорачуваат на земјоделците да ги осигураат своите посеви, затоа што министерството им покрива шеесет проценти од полисата. Доколку продолжи обилно да врне според експертите најголеми проблеми дождот ќе предизвика во полошкиот, дел од пелагонискиот и струмичкиот регион.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG