Достапни линкови

Русија ќе притиска Иран да даде одговор за нуклерната програма


Русија денеска соопшти дека ќе го притиска Иран да даде позитивен одговор на предлог планот на ОН за збогатување на ураниум. Претходно рускиот претседател Дмитриј Медведев го повтори предупредувањата дека се можни нови санкции кон Иран ако нема придвижување на разговорите за нукларната програма. Планот на ОН предвидува ниско збогатен ураниум од Иран да се носи во Русија за натамошно збогатување, а потоа во Франција да се претвори во гориво, за понатамошните потреби на Техеран.

XS
SM
MD
LG