Достапни линкови

Политички препукувања во Украина за грипот


Справувањето со епидемијата на грип во Украина стана предмет на меѓусебни препукувања меѓу претседателот и премиерот на Украина, и двајцата претенденти за претседател на изборите кои треба да се одржат на 17 јануари. Премиерот Јулија Тимошенко ги откажа сите политички собири и нареди училиштата да се затворат во обид да се запре ширењето на епидемијата. Тимошенко денеска изјавила дека со тоа што претседателот Виктор Јушченко не го одобри законот за печатење на нови 125 милиони долари за борбата против епидемијата е загрозување на човечките животи. Меѓутоа Јушченко смета дека ако се одобри печатење на нови пари ќе доведе до девалвација на националната валута. Од Министерството за здравство, соопштиле дека досега вкупно 189 луѓе починале до грип , од кои 17 од свински грип.
XS
SM
MD
LG