Достапни линкови

logo-print

Саркози:Пријателството меѓу Франција и Германија е богаство


Пријателство меѓу Германија и Франција е богатство. Тоа им го должам на нашите родители, кои страдале толку многу, да се сочува и да изградат ова богатство, изјавил францускиот претседател Никола Саркози по денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Меркел е во посета на Париз за одбележување на годишнината од крајот на Првата светска војна. Односите меѓу Франција и Германија во последно време беа заладени , па на посетата на Меркел на Франција се гледа како на чекор напред кон поголема соработка меѓу двете земји.


XS
SM
MD
LG