Достапни линкови

Друцас:САД не вршат притисок врз Грција за решавање на името


Заменик министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас изјавил дека Соединетите држави не вршат притисок врз Грција за прашањето за името. Како што јавува МИА, тој во интервју за радио „Атина“ изјавил дека по средбата меѓу претседателот Јоргос Папандреу и американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Берлин, грчкиот претседател не почуствувал дека Вашингтон врши било каков притисок. Папандреу на средбата со Клинтон, повторил дека решавањето на спорот за името е основен предуслов за интеграцијата на Македонија во ЕУ.
XS
SM
MD
LG