Достапни линкови

logo-print

Меркел во Париз на одбележување на крајот на Првата светска војна


Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел се состанале денеска во Париз за да ја одбележат годишнината од крајот на Првата светска војна. За првпат еден германски лидер учествува на настан со кој се одбележува тоа што Германија потпиша примирје после 4 години војување.Двајцата лидери положиле цвеќиња на споменикот на непознатиот јунак во близина на Париз и точно в 11 часот со едно минуто молчење го одбележале датумот, денот и часот кога Германија потпишала Договор за примирје. На денешната средба се глеада како на чекор напред кон поголема соработка меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG