Достапни линкови

Стопанството бара „свеж капитал“


Македонските бизнисмени работат со каматни стапки од десетина проценти, додека нивните европски колеги „плаќаат“ еден до два отсто за „свеж капитал“. Тие се жалат дека каматните стапки во Македонија се високи.

Тешко се работи затоа што немаме свеж капитал велат стопансвениците по одлуката на Народната банка да не ги намали каматите до крајот на годината, затоа што според нивната прогноза економијата ќе оди во минус, па затоа банките на фирмите нема да им даваат
Се надеваме дека каматите ќе се намалат. Затоа што девет или десет проценти камата е голема. Европските фирми работат со еден или два посто. Тешко се доаѓа до свеж капитал.
кредити. На стопанствениците не им е од помош ниту заемот од 100 милиони евра од Европската инвестициона банка, наменет токму за финансирање на малите и средните претпријатија. Имаме проблеми бидејќи неможеме да дојдеме до кредит и банките бараат големи гаранции вели Горан Антевски од едно средно претпријатие. Но и наместо каматите да се намалуваат како што е во другите земји тие растат вели тој.

„Се надеваме дека каматите ќе се намалат. Затоа што девет или десет проценти камата е голема. Европските фирми работат со еден или два посто. Тешко се доаѓа до свеж капитал.“

Тие аплицирале и за кредит од Европската инвестициона банка за инвестирање во ново производство, постапката е во тек. Но и таму каматите се големи вели Антевски.

„Каматите се 6 отсто, дополнително се оптоварени со други трошоци. Отплаќањето на кредитот пред време треба да се плати, во овој случај треба да платиме пенали што го враќаме кредитот пред време...“

Во услови на криза и опаѓање на работата на фирмите не може да има засилени кредитни активности вели Ѓорѓи Јанчевски од Тутунска банка.
Кредитната активност, односно работењето на банките е согласно она што се случува во реалниот сектор и не би можеле да кажеме да се очекува поголеми активности


„Кредитната активност, односно работењето на банките е согласно она што се случува во реалниот сектор и не би можеле да кажеме да се очекува поголеми активности. Така што, она што го објави НБМ како податок, тоа е реалност кој веќе подолго време се одвива во банкарскиот сектор.“

Додека пак Про кредит банка ги намалила трошоците за исплатите на кредитите и ги намалила каматните во некои оделни кредити. Ние сме оптимисти и сметаме дека на кризата и се гледа крајот, но не зависи се само од НБМ, туку и од бизнисмените вели Емилија Спировска од Про кредит:

„Не може се да се чека од НБМ. Не може се да зависи од камати. Она што е најбитно е самите бизнисмени, компании да почувствуваат дека е вистински момент повторно да се инвестира и да се тргне напред.“

Според Народна банка до крајот на 2009 ќе има годишен раст на кредитите од речиси три проценти.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG