Достапни линкови

Турција - 6 нови жртви на грипот


Во Турција се регистрирани шест нови смртни случаи на новиот грип Х1Н1, со што бројот на починати од оваа болест достигна 36 луѓе, соопшти турското Министерство за здравство. Меѓу починатите има три деца, од кои две на возраст од девет години и едно под една година. Од 2 ноември во Турција започна кампањата за вакцинирање против вирусот Х1Н1, која ќе ги опфати прво здравствените работници и лицата кои планираат да патуваат на аџилак во Мека.
XS
SM
MD
LG