Достапни линкови

Против грипот и „бизарно“


Украинките од Фемен против ширењето паника за грипот

Украинките од Фемен против ширењето паника за грипот

Белорусија

И покрај тоа што вирусот Х1Н1се шири и во Белорусија, каде што има потврдено 128 заболени , а смртните случаи и се препишуваат на превмонијата тамошниот Претседател Александар Лукашенко е скептик во врска со свинскиот грип. Тој вели хистеријата ја потпалуваат фармацевските компании за да остварат профит.

„Јас многу добро знам што се случува со овие супер корумпирани, со овој ганстерски круг на медицински производители“.

Украина – мајмунски грип

Премиерот Тимошенко во посета на болница


Во Украина со 32 500 заболени, со 155 смртни случаи, Премиерот Јулија Тимошенко изјави дека епидемијата е стабилизирана. Како и да е, Украина е земја со најголеми последици во Европа а загриженоста расте и тоа не само за здравјето на луѓето. Мајмуните во зоолошката градина во Киев се изолирани, добиваат специјални витамски дози, чај со лимон, а покрај бананите и компот и свежо овошје. Директор на зоолошката е Алексеј Глигориев

„Како и луѓето и на мајмуните им се влажнат очите и страдаат од истата болка. Тоа можете да го видите од нивното однесување. Добиваат треска, стануваат жедни и тешко дишат. Ова може да се види и без да им се измери температура“.

Русија - Кој беше оној маскираниот човек?

Руските власти пак воспоставија „маскиран режим“ во Кабаровск на далечниот исток каде има регистрирано 318 случаи на свинскиот грип и казна за оние транспортни работници и доставувачи на храна па и компании кои нема да ја носат заштитната маска. Во Чеченија затоа се е чисто. Таму нема регистриран случај на свинскиот грип.

Азербејџан – Од аголот на бизнисот

Се секавате на птичјиот грип? Азербејџанците пак се секаваат како владините агенции го искористија нивниот страв за време на птичјиот грип. Светската Банка тогаш и даде 5,1 милион долари на земјата која прва пријави жртва во Каспискиот регион. Од тие пари се потрошија 3,6 милиона, а граѓаните се прашуваа што стана со милион и 500 илјада долари. Овој пат владата вети бесплатни вакцини против свинскиот грип, кои се уште ги нема. Приватните клиними нудат вакцини по 30 долари, а за три четри пати скокнаа цените на заштитните маски.

Азербејџан - маска против грипот


Србија – Вакцина сега ама ако стигне до...

Србија од своја страна креира фонд за купување 3 милиони вакцини. Власта, односно министерот за Здравство, Томица Милосављевиќ, ги вети до средина на Декември ама од нив 2,5 милиони ке бидат достапни дури во Март 2010

„Можеби министерот не знаеше како ке се одвиваат работите или можеби доцнел Комитетот за тендер. Како и да е реалноста е поинаква“.

Во Србија починаа 7 лица од вирусот на свинскиот грип, а регистрирани се речиси 300 заболени.




  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG