Достапни линкови

logo-print

Европскиот парламент за визната либерализација


Европскиот парламент денеска на пленарна сесија треба да го усвои Извештајот за визна либерализација на Македонија, Србија и Црна Гора, чиј составен дел треба да биде и предлогот на Словенија - шенген визите за трите земји да бидат укинати на 19 декември годинава наместо на 1 јануари 2010, како што предложи Европската комисија. Словенечката европратеничка Тања Фајон, која го подготви Извештајот за визна либерализација на земјите од Западен Балкан, за МИА изјави дека е сигурна оти Европскиот парламент ќе го усвои документот. Извештајот во минатиот месец беше одобрен од Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, а претходно и од Комитетот за надворешна политика. Конечната одлука за симнување на шенгенската визна бариера треба да ја донесе Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ на 30 ноември или на 1 декември.
XS
SM
MD
LG