Достапни линкови

Делегација на ЕБОР во Македонија


Денеска во Македонија ќе престојува делегација на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Посетата е дел од серијата редовни консултации кои им овозможуваат на директорите на ЕБОР да се стекнат со најнови информации за случувањата во земјите во делот на работењето на банките. Делегацијата ќе има средби со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за финансии Зоран Ставрески и со гувернерот на Народна банка Петар Гошев. Директорите на ЕБОР ќе одржат средби и со претставници на локални банки, бизнис заедницата, со невладини организации, како и со меѓународните финансиски институции и дипломатскиот кор.
XS
SM
MD
LG