Достапни линкови

Бомбашки напад во Пакистан- десетици загинати и ранети


Во експлозија на бомба на пазар во градот Чарсад во северозападен Пакистан загинале 24 лица, а 64 биле ранети, соопшти претставник на полицијата. На снимките на една локална телевизија се гледаат уништен автомобил, оштетени кисоци и продавници. Ова е трет ваков напад во последните три дена во околината на Пешавар, главниот град на покраината во тој дел на Пакистан.
XS
SM
MD
LG