Достапни линкови

Запленет материјал за изработка на бомби во Авганистан


Меѓународните воени сили и авганистанската полиција вчера заплениле 250 тони материјал кој Талибанците го користат за изработка на бомби. Претставник на НАТО соопшти дека откриеното количеството било доволно за неколку стотици бомби кои Талибанците ги поставуваат крај патиштата и ги активираат кога ќе наидат трупи. Станува збор за најсмртоносно оружје коритено оваа година, која е најкрвава досега за меѓународните воени сили во Авганистан.
XS
SM
MD
LG