Достапни линкови

logo-print

Обид за групно самоубиство во Турција


Четири ученички од Турција, на возраст меѓу 12-13 години, се обиделе да изведат групно самоубиство, пренесе турската приватна телевизија НТВ. Децата учеле во исто училиште во западна Турција. Девојчињата се обиделе да се самоубијат пиејќи поголемо количество таблети. На четирите ученички требало да им се придружат уште три но тие се откажале од намерата за се самоубијат. Пред полицијата девојчињата објасниле дека причината за прекратување на животот е тоа што нивните семејства се однесувале многу лошо кон нив.



XS
SM
MD
LG