Достапни линкови

Рикер - Решение за името е можно


Амбасадорот на Соединетите Држави во Македонија, Филип Рикер

Амбасадорот на Соединетите Држави во Македонија, Филип Рикер

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер изјави дека решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција е можно. Рикер ова го изјави за време на денешниот бизнис форум организиран од Американската Стопанска Комора.

Решението за спорот за името помеѓу Грција и Македонија е можно и ние и и понатаму ја подржуваме Македонија за членство во НАТО и ЕУ, ова го изјави амбасадорот на САД Филип Рикер на средбата која ја организираше Американската Стопанска Комора. Тој додаде и дека на решавање на спорот треба да работат двете земји.
Како што реков, нашите ставови се јасни. Ова е работа за Македонија и за Грција. Соединетите Држави се подготвени да им помогнат на двете земји, но не можеме да работиме наместо вас. Верувам дека има доволно ресурси и уверени сме дека може да се најде решение


,,Како што реков, нашите ставови се јасни. Ова е работа за Македонија и за Грција. Соединетите Држави се подготвени да им помогнат на двете земји, но не можеме да работиме наместо вас. Верувам дека има доволно ресурси и уверени сме дека може да се најде решение."

Целта на средбата беше јакнење на соработка помеѓу Комората и земјава како и зголемување на странските инвестиции, каде свое обраќање имаше претседателот Ѓорѓе Иванов кој ја претстави својата економска платформа. Тој изјави дека освен реформи во образованието и инфраструктура потребен е и евтин интернет и евтин авиопревоз за Македонија да се развива на економски план. Светот се менува и колку побрзо тоа ќе го сватат бизнисмените и младите толку побрзо земјава ќе стане дел од глобалната заедница, вели тој.

,,Можноста Македонија да се развие, да има богати луѓе, да има економски самостојни субјекти е да се овозможи евтин интернет, евтин авиопревоз."

Ние имаме цел да го олесниме создавањето на деловните врски помеѓу американските и македонските бизнисмени, вели претседателотот на одборот на Американската Стопанска комора Илијанчо Гаговски.

,,Ние не прифаќаме да имаме улога само на брокер, односно да чекаме да се случи некаква официјална комуникација па потоа ние да упатиме некој потеницијален инвеститор да се чуе. Нашата идеа е да преземеме една многу поактивна улога и овој начин на соработка и активност на Американската Стопанска Комора ќе придонесе за интензивирање на комуникацијата."

Во Македонија има услови и таа е се поатрактивна за странските инвеститори, иако тие наидуваат на низа проблеми, но со тек на време и тие ќе се решат, вели извршниот директор на американскта комора Соња Меккурк.

,,Мислам дека се подобрува климата. Има фирми кои што се жалат, гледаат препреки во Македонија за инвестирање, на пример со поседување на земјиштето, откупувањето на земјиштеито, со добивање на градежни дозволи меѓутоа како поминува времето се подобрува ситуацијата, бирократијата се намалува. Ќе биде подобро."

Американската Стопанска Комора во Македонија и понатаму ќе организира бизнис форуми и тркалезни маси со членки на комората и потенцијални инвеститори.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG