Достапни линкови

Останатите споменици во сенка на Филип Втори


Споменик на Филип Втори во Битола

Споменик на Филип Втори во Битола

Додека за споменикот на Филип Втори без проблем беше добиено одобрение тој да биде поставен на централниот плоштад во Битола, Сојузот на борци една година чека на дозвола за поставување на бисти за народните херои, а сличен проблем постои и за спомен обележјето на загинатите бранители во 2001 година.


Додека Филип Втори без проблем доби споменик и маркица за на плоштадот Магнолија во Битола, иако една година преседе во општинскиот двор, борците за Македонија од поновата историја никако да добијат место и споменично обележје. Бранителите кои загинаа во тетовско Вејце, останаа без споменик во центарот на градот откако родителите се спротивставија тоа да не биде во сенката на Филип.

,,За нашите деца немаат ништо направено. Еден споменик на детето мое кај полицијата му направија со донации од странство, а во
Инаку како држава велеа дека ќе прават, но ние се побунивме зашто го ставаа прво Филип Втори и зад него нашите деца. Можеби навистина тој се борел за Македонија, но малку треба да гледаат и за овие деца што ја видоа денешницата
селото споменикот му го подигна младината. Инаку како држава велеа дека ќе прават, но ние се побунивме зашто го ставаа прво Филип Втори и зад него нашите деца. Можеби навистина тој се борел за Македонија, но малку треба да гледаат и за овие деца што ја видоа денешницата."

вели Блаже Стојановски, татко на Илче кој на 25 години трагично загина во Вејце. Сојузот на борци, пак, една година бара од општината дозвола да постави две спомен бисти во градскиот парк.

,,Ние единствено барање што го поставивме до градоначалникот е овие две бисти, со оглед дека се направени за Тунелот, народниот херој и за Коле Лачето првоборецот ако може да се направи усилба да ги поставиме бистите. Ако после дојде до дислокација ќе го направиме и тоа."

изјави Александар Трајковски од Сојузот на борци од Битола. Од општината велат дека ќе најде решение за споменичните облежја. Но, засега нема решение за мултимедијалната фонтана која поради технички проблеми, како што тврди градоначалникот Владимир Талески, го кочи поставувањето на споменикот на Филип Втори.

,,Убеден сум идниот период ќе го поставиме споменикот. Фонтаната ни прави проблем. Навистина имаме технички проблеми и
Ние единствено барање што го поставивме до градоначалникот е овие две бисти
навистина не можат да се снајдат луѓето, па и досега никогаш не правеле аудио-визуелна фонтана, па за да погодат се. Имаше досега многу грешки, многу откажуваше хидрауликата. Жал ми е што досега навистина не го најдоа решението, но тие се луѓето што добија на тендер. Инаку споменикот можеме да го поставиме во секое време."

вели Талески.Покрај ова едно чудо споменици, се планира и подигање на споменичен комплекс на децата беглаци во близина на граничниот премин Меџитлија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG