Достапни линкови

Министерот Милошоски на средба со европратениците во Брисел


Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски во Брисел изјавил дека македонската страна се надева дека новата грчка влада ќе ја подобри климата во билатералните односи на преговорите за името. Милошоски е во дводневна посета на Брисел, на разговори со европски дипломати од кои ќе побара подршка за определување датум на преговори за членство во ЕУ. Тој веќе остварил неколку средби а се очекува да се обрати пред Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG