Достапни линкови

logo-print

Пакистанскиот претседател осомничен за примање мито


Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, наводно, е осомничен за примање мито од купувањето на француски подморници за пакистанската морнарица во 1994-та. Според пишувањата на француските медиуми, постои доказ кој покажува дека Зардари добил 4,3 милиони долари од договорот за купување на трите подморници. Истражувачите веруваат дека неплаќањето на целата сума за подморниците можеби е причина за смртта на 11 французи во терористичкиот напад во градот Карачи во 2002-та година. Извештаите велат дека тие докумнети му биле испратени на Пакистан од страна на британските власти во 2001-та. Зардраи помина неколку години во затвор, обвинет за корупција.
XS
SM
MD
LG