Достапни линкови

Координирани активности за заштита од новиот грип


Маска за заштита од вирусот

Маска за заштита од вирусот

Од канцеларијата на СЗО во Македонија велат дека тесно соработуваат со македонските власти, односно Министерството за образование, за здравство, и локалната самоуправа за заштита и справување од евентуално ширење на новиот тип на вирус.

Претставниците на Светската здравствена организација оценуваат дека засега активностите на здравствениот систем да се справи со новиот грип се одвиваат во блиска координација со останатите сектори особено со Министерството за образование, како и дека локалната самоуправа се повеќе се вклучува што и треба да биде тенденција. Марија Кишман посочува дека постои план што е изработен заедно со СЗО кој би се активирал во случај на енормно зголемен број пациенти и оти сите инфектолози веќе се обучени за делување при вакви состојби:

,,Она на што можеби уште повеќе треба да се обрне акцент е на општите лекари и лекарите од примарната здравствена заштита
,Она на што можеби уште повеќе треба да се обрне акцент е на општите лекари и лекарите од примарната здравствена заштита задолжително при прегледувањето на сомнителните пациенти и самите да се заштитат и веќе имаат добиено инструкции како пациентите да ги проследат до соодветната здравствена установа во прв случај Клиниката за Инфективни болести
задолжително при прегледувањето на сомнителните пациенти и самите да се заштитат и веќе имаат добиено инструкции како пациентите да ги проследат до соодветната здравствена установа во прв случај Клиниката за Инфективни болести."

Ѓорги Оровчанец поранешен миниситер за здравство, истакнува дека навремено треба да се доствуваат информации за сите неопходни чекори кои се препорака и од СЗО.

,,Превентивата мора да се развие, кои центри ќе работат, како ќе работат кадровски, како ќе бидат екипирани и сите други мерки."

Од новите случаи во Македонија веќе има неколку кои немале контакт со некој што бил во странство. За среќа сите досега беа со лесна симптоматологија. Досега хоспитализираните се главно тинејџерски адолесценти. Горица Илиоска од Здружението на директори вели дека во училиштата мора повеќе да се внимава на личната хигена, на хигиената на санитарните јазли, да има течен сапун и да се проветруваат училниците, а професорите да ги информираат учениците околу преносот на инфекцијата и на што да внимаваат.

,,Треба максимум да се зборува и на класните часови, и професорите на дел од своите часови да ги информираат децата."

Во однос на носење маски на училиште во СЗО објаснуваат дека тие треба да се употребуваат за болните да не ја прошируваат инфекцијата, но не и за здравите ученици или наставниците.

,,Потребно е доколку наставниците забележат дека некој е заболен, треба веднаш да ги повикаат неговите родители дали да ги однесат во Здравствена установа или на домашно лекување, тоа одлучува матичниот лекар, меѓутоа маските се за употреба на болните лица, а не за сите ученици или наставници при одржување на наставата."

За евентуално затворање на училиштата, Кишман вели дека тоа е привремена мерка која помага да се намали првиот бран, но не се запира самата епидемија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG