Достапни линкови

Граничен инцидент меѓу Северна и Јужна Кореа


Воени бродови на Северна и на Јужна Кореја денеска размениле оган во Жолто Море, на западниот брег на Корејскиот полуостров. Јужнокорејски воени претставници изјавиле дека еден севернокорејски патролен брод ја преминал спорната морска граница, по што јужнокорејскиот брод отворил предупредувачки оган. Веднаш потоа со истрели било одговорено од севернокорејскиот брод. Се додава дека во јужнокорејскиот брод немало повдредени, додека бродот на Северна Кореа бил сериозно оштетен.
Севернокорејската армија соопшти дека Јужна Кореја треба да се извини за, како што оцени, сериозната вооружена провокација.
XS
SM
MD
LG