Достапни линкови

Папандреу: решавањето на името, предуслов за македонскиот пат кон ЕУ


Грчкиот премиер Јорго Папандреу на вчерашната неформална средба во Берлин со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, како што пренесува агенцијата Ана Мпа, изјавил дека решавањето на прашањето за името е предуслов за Македонија на патот кон Европската унија. Се додава дека притоа Папандреу рекол дека решението за името треба да биде согласно националните црвени линии на Грција, односно сложено име со географска одредница за сите употреби. На средбата, што се одржала на грчка иницијатива, Папандреу се осврнал и врз неговиот неодамнешен состанок во Брисел со македонскиот премиер Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG