Достапни линкови

Дваесет години од падот на Тодор Живков


Денеска се одбележуваат 20 години од отстранувањето на бугарскиот комунистички диктатор Тодор Живков. До ова дојде еден ден по паѓањето на Берлинскиот ѕид. Живков кој во Бугарија владееше над три децении беше познат по неговата лојалност кон Советскиот сојуз. Тој беше сменет од функцијата генерален секретар на комунистичката партија, а на негово место дојде поранешниот шеф на дипломатијата Петар Младенов. Живков почина во Софија во 1998 година.
XS
SM
MD
LG