Достапни линкови

logo-print

Милошоски пред Комисијата за надворешни работи на ЕП


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Брисел ќе има излагање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Милошоски, како што најави МНР, ќе побара поддршка за определување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата. Во текот на посетата, тој треба да се сретне со претседателот на Комисијата за надворешни работи Габриеле Албертини, со известителот за Македонија Зоран Талер, известителот во сенка од редовите на Европската народна партија Едуард Кукан, како и со претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и Европската унија, Јорго Шацимаркакис.
XS
SM
MD
LG