Достапни линкови

logo-print

САД не очекуваат брз одговор од Иран


Американскиот претседател Барак Обама оцени дека Иран не е доволно политички стабилен за да донесе брза одлука за предлогот за надминувања на кризата за нуклеарната програма. Обама вели дека Иран добил фер предлог од светските сили. Според предлогот, иранскиот осиромашен ураниум треба да се збогатува во Русија и да се претвори во нуклеарно гориво во Франција. Иранската влада се уште формално не одговорила на предлогот, но високи ирански функционери отворено зборуваат против договорот.
XS
SM
MD
LG