Достапни линкови

logo-print

Прогноза за времето- дождливо, попладне разведрување


Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен дожд, засилен ветер, како и со ретки грмежи особено во јужните и западните делови од земјава. Попладне постепено врнежите ќе престануваат почнувајќи од западните делови и облачноста делумно ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено и засилен јужен ветер. Утринската температура се движи од шест до 12, а дневната ќе биде од 11 до 17 степени. Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно со дожд. Попладне врнежите ќе престанат, облачноста делумно ќе се намали и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 14 степени.
XS
SM
MD
LG