Достапни линкови

Бентлер:Изборите на Косово ,ќе поминат безбедно


Локалните избори во Косово на 15 ноември ќе бидат организирани во многу поволни услови од гледна точка на безбедноста, и покрај тоа што во северните делови се уште има некои „ризици“, изјави денеска командантот на КФОР, генерал Маркус Бентлер. Силите на НАТО не добиле никакви сигнали, кои покажуваат дека изборниот процес ќе предизвика ризици во областа на безбедноста, изјавил Бентлер. Изборите во недела се првите, кои што се организираат во Косово по прогласувањето независност во февруари 2008 година. Гласачите ќе избираат градоначалници и нивни заменици во 36 општински совети во Косово.

XS
SM
MD
LG