Достапни линкови

Германија го слави падот на Берлинскиот ѕид


Германската канцеларка Ангела Меркел му се заблагодари на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов за неговата улога за падот на Берлинскиот ѕид пред 20 години . На Меркел и на Горбачов им се приклучи и поранешниот полски претседател Лех Валенса, на прошетката низ првиот премин кој бил отворен на 9 номври 1989 година. Меркел изјавила дека денешната прослава на падот на Берлинскиот ѕид, не е само прослава на Германија, туку е прослава на цела Европа. Во изминатите неколку денови центарот на Берлин беше поделен на симболичен начин со домино плочки кои во 20 часот треба да ги урне Валенса за симболично да покаже како тогашните комунистичките влади падна една по друга.

XS
SM
MD
LG